Видео: Блокирана патарината кај Гостивар

Протестите против ЕВН поради поскапувањето на струјата го блокираа автопатот на влезот на Гостивар. Со десетина возила демонстрантите излегоа по 17 часот блокирајќи го сообраќајот поради што се создаде километарска колона на возила кои застанаа во место. По околу половина час задржување сообраќајот се одвива нормално.
Претходно протестите поради поскапувањето на струјата се одржуваа во централните градски подрачја кога беше најавено дека и револтот по одлуката на регулаторната комисија ќе се манифестира и со блокади на клучни автопати.

Видео: Блокирана патарината кај Гостивар

Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави