УКИМ меѓу најслабите универзитети од регионот-падна на 1.917 место

Според Центарот за рангирање на универзитетите во светот (CWUR), УКИМ падна на 1.917 место, што го става меѓу најслабите од регионот.

Во споредба со минатогодишното рангирање забележал пад од дури 101 места на ранг-листата, откако лани бил позициониран на 1.816 место.

Единствено Универзитетот „Јосип Јурај Штросмајер“ во Осијек е полошо рангиран од УКИМ. На рангирањето, меѓу најдобрите 2.000, нема универзитети од Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Од земјите во регионот Грција има најголем број универзитети на листата, вкупно 12. А највисоко рангиран е Универзитетот од Атина на 267-мото место во светот.

Србија и Хрватска имаат по четири универзитети на листата, највисоко рангиран е Белградскиот универзитет на 346-тото место, а од Хрватска највисоко котира Загребскиот универзитет на 517-то место.

Словенија на листата е застапена со три универзитети, од кои Универзитетот во Љубљана е на највисоко, 384-то место.

Бугарија има два универзитети на листата, со Софискиот универзитет на 868-мото место.

Според глобалното рангирање, најдобар универзитет во светот е Харвард. Во првите пет се наоѓаат и Институтот за технологија од Масачусетс, Стенфорд, Кембриџ и Оксфорд.

Според методологијата на „CWUR“ за резултатите на универзитетите како најважни критериуми се земаат квалитетот на образованието и работните позиции кои ги имаат поранешните студенти, потоа квалитетот на факултетите и истражувачката работа.

Центарот за рангирање на универзитетите во светот од 2012 година објавува годишно рангирање на универзитетите. Во моментов се смета за едно од најголемите академски рангирања на универзитетите во светот.

Total
0
Shares
Поврзани објави