Угостителите се пишманат, најавија уривање на дивите платформи сега сметаат дека тие не се дивоградби и не пречат на УНЕСКО

На почетокот од месец август дел од угостителите најавија дека самоиницијативно ќе ги отстранат платформите од Охридското Езеро, како придонес во обидите да се зачува статусот на Охрид во УНЕСКО. Од „Аквариус“ кој прв поднел таква иницијатива, истата јавно ја поздрави градоначалникот Константин Георгиески. Тој тогаш објави дека надлежниот инспекторат издал решенија за отстранување на платформите од езерото во стариот дел на градот.

Но, не помина долго време, охридските угостители му испратија ново писмо на градоначалникот во кое бараат поништување на решенијата на Градежниот инспекторат од Охрид за отстранување на платформите на угостителите во Стар град.

Имено, како Здружение на угостители, на мнение сме дека ваквата постапка е избрзана и недоволно анализирана. Првично, ни беше кажано дека постапката е иницирана согласно барањата на УНЕСКО, во име на заштита на крајбрежјето, меѓутоа од консултација со надлежни лица и институции, произлезе дека платформите воопшто не се ни спомнати во точките кои светската организација ги посочува за критични за зачувување на статусот на Охрид и регионот. Од друга страна, денес да се разговара за платформите како дивоградби е мошне неоправдано, бидејќи истите постојат веќе 14 години, и за нив досега никој не се  произнесол дека се проблематични. – стои во писмениот допис на Здружението на угостители „Охридски Еснаф“ коj деновиве бил испратен до градоначалникот на Општина Охрид, Советот на општината, Секторот за урбанизам при локалната самоуправа и Министерството за транспорт и врски, дознава OhridNews.

Според Здружението на угостители изградените платформи во Езерото немаат никакво еколошко влијание на живиот свет во него, бидејќи, како што се наведува во писмениот допис до надлежните институции, „тие се изградени од природни материјали (дрвен патос и метална конструкција), така да не само што не се штетни, туку напротив, имаат дури и докажано позитивно влијание врз флората и фауната во езерото.“

Угостителите од Стар град сметаат дека евентуалното уривање на платформите ќе предизвика голема економска штета, бидејќи локалите кои гравитираат во овој дел од градот имаат ограничен пристап.

Лоцирани на брегот на езерото, без сообраќаен пристап од улица, паркинг и слично, најголемиот куриозитет и ексклузивност на објеките претставуваат токму платформите. По наша слободна проценка, нивното отстранување би го намалило прометот до 70%, што за нас како стопанственици, ниту пак за буџетот е посакувана опција. – стои во дописот на „Охридски Еснаф“.

Поради наведеното, Здружението на угостители смета дека треба да се повлече одлуката за отстранување на платформите, а Локалната самоуправа и Министерството за транспорт и врски да изнајдат решение за легализација на истите.

извор: ohridnews.com

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Туристи во Црна Гора нарачале кафе со посебен вид млеко: Поради тоа што го добиле од келнерот се запалија мрежите – „Од сега ќе се вратиме на еспресо“

Видеото од туристите кои нарачале најобично кафе со млеко во Црна Гора преку ноќ стана вирално. Иако многумина…