Татковците прават социјална револуција: „Одговорен татко“ место каде се споделуваат искуства, проблеми, решенија

Група млади татковци започнаа иницијатива за зголемување на свесноста кај татковците за нивната улога во развојот на детето.

Преку Фејсбук страната „Одговорен татко“ тие ќе се обидат да ја зголемат свесноста за поимот “Одговорно татковство”.

-Фан страна ќе претставува место каде секојдневно ќе се споделуваат едукативни содржини, реални ситуации со кои се соочуваат татковците, проблеми, решенија, совети од стручни лица но главен акцент ќе биде ставен на размената на искуствата на татковците во 21 век и нивната улога кога се децата во прашање. Од тимот на иницијативата повикуваат: „Татковци, ајде да направиме социјална револуција и да покажеме на сите колку сме и ние посветени во растот и развојот на нашите деца“, велат од „Одговорен татко“.

Посебно внимание посветуваат на глобализациските трендови и родовата еднаквост, која во ова комплицирано општество и борба за егзистенција изискува потреба од еднаква поделба на обврските дома, надвор од дома, на работа итн.

Иницијативата има за крајна цел да докаже дека во нашата држава „татко“ станува една одговорна улога која по добивањето на детето му дава поинаква смисла на животот на сите чинители на едно среќно и задоволно семејство.

Изразуваат надеж дека оваа иницијатива, по обезбедување соодветни финансиски средства ќе прерасне во вистинска онлајн и офлајн револуција, која ќе придонесе да се слушне гласот на таткото.

Total
0
Shares
Поврзани објави