Почитувани, очигледната ненамерна грешка при пеењето на химната прерасна во вистински пекол за мене и моето семејство. Со оглед на тоа што не сакам да придонесувам за зголемување на нашата агонија како семејство и во интерес на смирување на целата ситуација која излезе вон контрола, решив да ги откажам концертите во Прилеп и Охрид. Се надевам дека оваа моја грешка, повторувам грешка, ќе успеете да ја надминете и дека ќе најдете начин да разберете дека е повеќе од ненамерна. Би сакала да се заблагодарам на сите што беа покрај мене во овие тешки мигови. Ниту сум била ниту ќе бидам дел од нечии политички игри, моето семејство е мој број еден приоритет и нивниот мир е на прво место при секој избор.
Со почит, Ваша Тамарa
Поврзани објави
Видео: Роверот „Истрајност“ успешно слета на Марс во потрага по живот
Научниот ровер „Истрајност“ (Perseverance) на НАСА, најнапредната астробиолошка лабораторија во историјата испратена на друга планета, се пробил низ…
Џафери: Не може некој да биде пратеник 4 години, а потоа да брка по контејнери
Не може некој да биде пратеник 4 години, а потоа да брка по контејнери, рече претседателот на Собранието,…
Се затрупува еден од двата гроба во црвковен двор во Трботивиште
По реакција на тамошните жители, во делчевско Трботивиште денес е затрупана една од двете гробни дупки ископасни во…
Ловџии ловат дивеч со петарди и предизвикуваат пожари
Несовесни ловџии ловат диви животни со помош на петарди и предизвикуваат пожари. За вакво неодговорно однесување на поединци…