За фолк дамата Сузана Спасовска денес е голем ден- слави роденден и именден! Не е важно кој роденден се слави, тоа го вели секоја жена, важно е како таа се чувствува, вели Сузана за порталот ММС.мк.

Колку Сузана се радува на денов покажа уште ноќеска, една минута по полноќ кога најави дека  денес е денот за веселба. „Денес е мојот ден! Роденден и именден! За многу години света Сузана! Весело да е!“ напиша таа на својот фејсбук профил.

-Немам една желба, имам многу желби. Кога си посакувам, повеќето ми се исполнуваат. Секако има и неисполнети, но повторно надежта е таа која ми дава сила за понатаму до исполнување. Најважнис е жебите за здравје среќа и љубов. Љубовта е секогаш околу мене и со мене. Ако човек знае да се организира секогаш за се ќе најде време да биде среќен”, вели Сузана.

Прв роденденот и ја честитал ќерката Теона.

„Прва ми честиташе, таа ми чукна врата. Теона ми ја прати најубавата честитка. Таа секогаш најубавите честитки ми ги праќа. Па таа е среќа мајкина, затоа“, открива Сузана и додава дека честитките од најблиските се најубави, но таа се радува и на честитките на нејзините виртуелни пријатели, кои од ноќеска уште од првата минута ми честитаат. 

Среќна е кога е со пријателите и ја чувствува нивната блескава енергија. „Најблиските ми се здрави, и тоа е најголемата среќа“, додава таа.

Вели дека не е битно колку години имаш, туку дали си среќен човек. „А јас сум среќна жена“, тврди Спасовска.

Таа е распеана и весела, не само денес, туку секогаш. А пак денешниот празник „Св. Сузана“ е доплонителна причина за славење и радост.

-Секогаш се радувам на родендените и именденот, но последните 10 години го поминувам работно, со обврските околу организирање на „Лешочки фолк фест“,но со убаво и работно опкружување.  Но, и покрај тоа ќе најдам време за една чашка за наздравување, за среќа, вели таа.

Според неа, жената е како виното, поубава, позрела, помудра, а годините се само бројка, важно е како човек живее. И Сузе не им обрнува внимание на годините, туку живее и твори со полна душа.

-Годините надоаѓаат, но не чувствувам дека се многу. Не знам..Не им обрнувам внимание. Се чувствувам млада со многу енергија за 100 години. Се чувствувам убаво, се  сакам себе си, ги сакам сите околу мене и воопшто не се оптоварувам со староста, додава таа.

Поради пандемијата годинава нема да има роденденската журка, но посакува сите да се живи и здрави.

-Да бидам искрена јас дури и не можам да кажам дека ми е лошо, уживам и во пандемијата. Секако како и ситеме оптоварува состојбава, но си наоѓам повторно нешто што ме исполнува, си творам. Се свртев кон себе си, кон своите брлиски, кон својот дом“, вели таа.

Нејзиниот роденден случајно се поклапува со христијанскиот празник, „Св. маченичка и девица Сузана“.

– Мајка ми кога ме крстела не знаела дека денес е тој ден. Многу е чудно што побарала баш тоа име на тој ден да ми го дадат.  Како се погодило и роденден и именден во ист ден. Просто неверојатно. Ама Господ си кажува како треба. Тој не води низ животот“, додава Сузана за ММС.мк. Р.Д.