Судење за евтаназија на лице со деменција во Холандија

Во Холандија повторно се постави прашањето за оправданоста на евтаназијата бидејќи на една лекарка ќе ѝ се суди за евтаназија на пациентка која страдала од тешка деменција.

Иако се посочува дека лекарката имала добра намера да помогне, обвинителите велат дека не проверила доволно дали нејзината пациентка се согласувал на евтаназија, пренесува АП.

Ова е прв ваков случај откако Холандија ја легализираше евтаназијата во 2002 година.

Холанѓанката (74) боледувала од Алцхајмерова болест кога починала во 2016 година и, наводно, била успана од лекарката во присуство на семејството.

Обвинителите велат дека пациентот покажал отпор во текот на овој процес.

Тие не бараат затворска казна, туку сакаат да прецизираат како се применува законот за евтаназија кај пациенти кои страдаат од деменција.

Членови на семејството на пациентите ја поддржале лекарката.

Total
0
Shares
Поврзани објави