Споменик во чест на гравот беше поставен во село Теарце, Тетовско. Споменикот беше изработен од идеаторот Љубиша Камењаров, чија замисла e да креира спој на традиционален и модерен уметнички израз.

Тој од една страна го претставува гравот како долговековна и автохтона култура најпозната и далеку прочуена од овој крај, а од друга страна како уникатен и перспективен македонски земјоделски производ со голем потенцијал за развој и доходовност.

Овој споменик во чест на гравот се постави токму во село Теарце, во чест на манифестацијата „Ден на Гравот” која 10 години по ред, секоја година се имплементираше во Теарце во организација на Центар за Едукација и Развој- ЦЕД од Теарце и бројни партнери и поддржувачи од земјата и странство. Настанот Ден на Гравот секоја година собира над 500 посетители од различни генерации, националности, религии и географски подрачја.

„Оваа година со цел почитување на мерките од пандемијата Ковид-19, сакавме на еден начин да го оддржиме актуелно настанот, и тоа што најмалку можевме да направиме, без да се загрпозат животите на сите граѓани кои веќе се навикнати да придонесат и уживаат во овој веќе традиционален настан, решивме да се постави уметничка инсталација на јавен простор. Според нас нас и во овие времиња треба да се негува уметноста, бидејќи без неа и култура станува тивка, вели Метин Муареми“, претседател на Центар за едукација и развој-ЦЕД.

На тој ден се готват и дегустираат разни јадења приготвени од грав, се изведуваат музички точки и танци од страна на културно уметнички друштва и музички групи. Настанот има за цел да го промовира и ја потенцира вредноста на далеку прочуениот тетовски грав како агрокултурна вредност подеднакво важна за сите жители во регионот. А особено да поттикне повеќе млади да се занимаваат со производство на грав како добро доходовна и перспективна дејност во регионот.

извор: Makfaks.mk