Спомениците на Кеј гнасни од измет

Спомениците поставени на Кеј на мостот кој води кон Јавното Обвинителство се во очајна состојба. Изгнасени од измет и позеленети. Тоа се споменици на големи дејци кои ги постави претходната владеачка структура и предизвикаа големо внимание во јавноста поради средствата кои беа потрошени за нивна изработка.

Но власта се промени и дојде нова која најави дека ќе ги отстрани како и бродовите на Кеј. До сега освен споменикот на Ќосето пред судска плата ниту еден споменик не е дислоциран или отстранет. Но исто така никој не води грижа за спомениците и тие се оставени на забот на времето. Птиците се главните виновниците оти спомениците се испрскани со измет,а зелената боја е природен процес за кој стручни лица треба да се погрижат.

Овој дел на градот е еден од најзапустените. На Кејот кој беше главно шеталиште сега врие од кафе барови и автомобили. Останата е само една мала патека по која луѓето може да дојдат до некоја кафеана но онаа покрај Кејот е комплено зафатена со автомобили и е претворена во опасна улица.

Total
0
Shares
Поврзани објави