Со тоалетна хартија против владата на Борисов

Во Бугарија продолжуваат антивладините протест. Седумнаесети ден по ред  демонстрантите кои бараат оставка од владата и државниот обвинител се собраа во Софија на протест.

Протестираа  во непосредна близина на зградата на Националното собрание и пред претседателството, скандирајќи го барањето „Оставка“.

Демонстрантите фрлаа тоалетна хартија кон зградата на бугарската влада.

Премиерот Бојко Борисов ја реконструираше владата, но демонстрациите продолжуваат со барање оставка од целата влада.

Оставка од владата побара и претседателот Румен Радев.

извор: БГНЕС

Total
0
Shares
Поврзани објави