Синиша Михајловиќ- Имам леукемија ќе се борам како што ги учев моите фудбалери на терен

-Откриени се некои лоши резултати на тестирањето. Имав грозница , па ми рекоа дека треба дополнителни испитувања. Имам леукаемија, објави денеска Синиша Михајловиќ , тренерот на Болоња.

-Кога ми кажаа дека се работи за леукемија , останав во соба два дена и само плачев. Цел живот ми помина пред очи. Знам дека тоа е тешка болест , но знам дека ќе ј апобедам. Немојте да мислите дека тоа беа солзи од страв, не се плашам , сакам веднаш да започнам со борбата за да го поразам ова зло. За себе за семејството за сите кои ме сакаат, кажа легендарниот фудбалер. Никој во животот ништо не ми даде , за се сам се изборив, така и сега ќе се борам.

Total
0
Shares
Поврзани објави