Симпатизерите на Ливерпул ја славеа титулата, и по предупредувањата за ризикот од ковид

Илјадници симпатизери на Ливерпул ја поминаа ноќта прославувајќи ја првата победа на фудбалскиот тим во 30 години, и покрај предупредувањата од полицијата дека загрижуваат масовни собирања во кои не се почитуваат правилата за социјална дистанца.

По победата на Челзи над Манчестер во синоќешниот натпревар со 2:1, Ливерпул има недостижна предност во Премиерлигата.
Огромна толпа славеше со запалени факели пред „Енфилд“, шефот на полицијата во Мерсисајд Роб Карден рече дека регионот бил „несразмерно погоден“ од пандемијата со коронавирусот и дека жителите имаат одговорност да спречат појава на нови случаи.
Тој ги пофали фановите кои победата ја славеа во своите домови, а дека останатите не ги почитувале правилата за заштита.
„За жал како што видовме за време на периодот на полициски час не секој се придржуваше до правилата. Иако голем дел од фановите ги почитуваа правилата, сепак голем број луѓе се собраа пред стадионот“, рече Карден.
Тренерот на Ливерпул Јирген Клоп по победата на Челзи рече дека натпреварот бил неверојатен и дека не можат да прослават како што сакаат, но дека ќе има време.

извор: Гардијан

Total
0
Shares
Поврзани објави