Што ќе открие тестаментот на Мира Марковиќ ?

Мира Марковиќ, водвицата на некогашениот претседател на Југославија Слободан Милошевиќ, по својата смрт оставила тестамент, со многу списи и сведоштва поради што цела Србија и некои структури се доста загрижени. Нејзиниот тестамент е кај нејзиниот адвокат, пишуваат медиумите во Србија.

Од семјени пријатели на Милошевиќ се дознава дека дел од документацијата треба да биде преточен во третиот том мемоари „Таков го знам“, додека дел се однесува на имотот и начинот на неговата распределба после смртта на Мира.

Но најинтересни се белешките кои претставуваат своевиден политички тестамент, во кој таа пишувала за луѓето од нејзиното и опкружувањето на Слободан, за тоа кој ги издал, кој имал корист и во 90-те заработил милиони марки. Во нив можно е да се крие вистината каде тие пари завршиле за што има голем немир во некои српски структури.

Марковиќ почина на 77-годишна возраст во Москва во неделата поради воспаление на белите дробови. Таа нема да биде погребана туку кремирана.

Total
0
Shares
Поврзани објави