ВМРО- ДПМНЕ е најбогата партија во Европа, со нивните пари, откако ќе им биде запленет имотот, ќе ги обештетиме сопствениците на галиите во Вардар,  а потоа ќе ги отстраниме од речното корито, рече денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Ова тој го кажа по образложувањето дека Град Скопје за чистење на речното корито на Вардар кај хотел Русија нема потреба да бара дозвола, бидејки тоа е редовна активност на Градот.

-Требаше од Министерството за животна средина да спречат градење на галиите во Вардар, а не сега да се занимаваат со редовните активности на Градот, рече Шилегов.