Се договорија да не се договорат

,,Договор за нов Закон за обвинителство можеби и ќе се постигнеше доколку премиерот Заев не беше токолу нервозен во врска со предметот ,,Рекет”, што не може да прифати ниедно системско решение за висока корупција во кое друг професионален обвинител би имал увид во овој мега-скандал, освен владино-подобната обвинителка Вилма Рускоска. Таквото однесување остава сомнеж дека хиерархијата на соучесници и организатори во ,,Рекет” е многу повисоко во власта, од улогата која во овој криминал ја имала осомничената Катица Јанева”, напиша Антонио Милошоски на социјалните мрежи , пратеник кој е дирекно влкучен во преговорите и лидерската средба синоќа на која ништо не е договорено.

Ова е единствената засега официјална изјава околу преговорите, а од таборот на СДСМ брифираат дека ВМРО – ДМПНЕ се тие кои не сакале договор. Мицковски наводно инсистирал сите предмети во врска со нејзини членови и самата партија да се затворат и новото обвинителство да не го води Вилма Рускоска.

И по неуспешната лидерска Законот за ЈО останува неизвесен судбината на СЈО се решава со писма од Катица Јанева за кои експерти отворено предупредуваат и прашуваат за нивната веродостојност. Мандатот на СЈО завршува за неколку дена и се е на почеток па дури и со вработените не се знае што ќе биде. Власта барала сите да одат во новото Обвинителство , опозицијата се противи поради многуте роднинско партиски вработувања во Специјалното.

Total
0
Shares
Поврзани објави