Самсоненко останува во Вардар, клубот ќе се бори со долгови и за евро -лиценца

Сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко, имаше состанок со управата и фудбалерите на најтрофејниот клуб на кој било соопштено дека тој останува меѓу „црвено-црните“ и дека ќе продолжи да биде дел од колективот.

Иако клубот има наталожени долгови, сепак, најавено е дека истите ќе се средат. Нема јасни рокови кога сѐ ќе биде исплатено, но Самсоненко на средбата најавил дека останува во фудбалскиот клуб и понатаму и дека ќе се вложи максимален напор сите да бидат расчистени и задоволни.

Сличен е ставот и на фудбалерите, кои, сигурно ќе останат во ист состав и заедно со стручниот штаб предводен од Александар Васоски ќе ја напаѓаат титулата, цел на клубот поставена по добрите резултати во есента. Вардар е лидер во ПМФЛ, има добра предност од осум бода во однос на Шкендија, па доаѓа интересна пролет.

Јасно е дека ќе се вложат сите сили за Вардар да ги расчисти долговите и да се добие евро-лиценцата, која лани „избега“ поради недоволни финансиски гаранции.

Вардар продолжува со подготовките во Скопје, а во првото пролетно коло игра против Македонија ЃП.

извор: gol.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави