Сакате тетоважа за ВАРДАР? Во среда овој мајстор ќе тетовира бесплатно!

По големиот успех кој го постигнаа ракометарите на Вардар, фановите и навивачите од Македонија се кренаа на нозе.

Освен прославите, многумина овие моменти ќе ги паметат вечно. Начин за најдолготраен спомен е тетоважата.

Така, познатиот скопски тату мајстор, Спасовски, во среда ќе тетовира само симболи на Вардар. И тоа бесплатно.

„По повод победа на нашиот СВЕТСКИ ШАМПИОН студиото SPASOWSKY во среда ке работи само за фановите на ВАРДАР. Секој кој сака ВАРДАР тетоважа ке ја добие ГРАТИС.  БРАВО ВАРДАРЕ МАКЕДОНСКИ“-пишува тату мајсторот.

извор: kurir.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави