САД го прифатија предлогот на ЕУ да се формира американско-европски дијалог за Кина

АД го прифатија предлогот на високиот преставник за надворешна политика на Европската Унија Жосеп Барел да се формира американско-европски дијалог за Кина, соопшти американскиот државен секретар Мајк Помпео.
Предлогот беше даден минатата недела за време на видеоконференција.
„Ќе се дискутира за загриженоста што ја имаме за заканат од Кина кон западот, и нашите заеднички демократски идеали“, рече Помпео.
Тој нагласи дека со нетрпение очекува веднаш да почнат заедно со Борел штом условите дозволат да се соберат.
„Обидот на Кинеската комунистичка партија да го заташка случајот со корона вирусот го забрза будењето на сите. Европјаните, како и Американците почнуваат да го наоѓаат својот глас. Јасно е дека ова е трансатлантско будење кон вистината за тоа што навистина се случува. Ние мора да работиме заедно за да го продолжиме трансатлантското бидење за предизвикот од Кина, со цел да ги заштитиме нашите слободни општества, нашиот напредок и нашата иднина“, рече Помпео.
Претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лејн во понеделникот по европско-кинескиот самит рече дека односите меѓу ЕУ и Кина бараат соработка и доверба од двете страни.
„За ЕУ односите со Кина се едни од стратешки најважните, но и полни со предизвици, бидејќи Кина е партнер во преговорите, економски конкурент и системски ривал“, рече Фон Дер Лејн.
Помпео рече дека не мисли дека Кинеската комунистичка партија ќе се однесува во согласност од она што го бараат едни од други во трансатлантската алијанса.

Total
0
Shares
Поврзани објави