Родителите на учениците кои се пријавиле во јунскиот уписен рок во скопската гимназија „Орце Николов“ протестираат пред Владата затоа што не сакаат нивните деца вонредно да полагаат квалификациски тестови.

За упис во ова средно училиште има интерес кај новите средношколци во цела Македонија и за слободни 285 места се пријавиле дури 330 ученици со сите петки, односно со максимален успех во основните одделенија. Министерството за образованиемвоведе некаков критериум за нивна селекција и решението падна на квалификациско тестирање, што не им се допадна на родителите.

– Сигурен сум дека владини претставници ќе ги примат родителите на состанок, а потоа за донесените заклучоци од средбата ќе биде навремено известена јавноста – рече Мухамед Хоџа, портпаролот на Владата, за порталот     Фактор.