„Рекет“, Јанева, СЈО на маса на Централното претседателство на ДУИ во Мала Речица

Случајот „Рекет“, преговорите меѓу власта и опозицијата за законот за ЈО, судбината на Специјалното јавно обвинителство, перформансите на Владата, односно што досега е сработено, ќе бидат дел од темите кои лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе ги стави на маса на состанокот на Централното претседателство на ДУИ, кое е закажано за 15 часот во седиштето во Мала Речица, брифираат за Плусинфо од партијата.

Од таму велат дека по одморите и жешките случувања во државава, Централното претседателство  ќе се позиционира за клучните прашања за кои се очекува разрешница. Највисокиот партиски орган ќе треба да заземе ста за разрешувањето на третоосомничената во аферата „Рекет“ Катица Јанева, за кое утре ќе се расправа во собраниската Комисија за избори и именувања, но и за судбината на СЈО. Се очекува да биде потврдена позицијата која пред неколку дена ја соопшти партеникот Артан Груби, дека ДУИ ќе гласа за разрешување на Јанева. Засега не се открива ставот на партијата за судбината на СЈО. Централното претседателство се очекува да се произнесе и за планот Б, во случај власта да не успее да обезбеди двотретинско мнозинство за законот за ЈО. На седницата  ќе стане јасно дали ставот на Груби дека не поддржуваат план Б е и партиски став.

На состанокот на највисокиот партиски орган ќе стане збор и за внатрепартиските избор во пресрет на Конгресот на ДУИ.

Според партиското соопштение, на седницата ќе се разгледува актуелната политичка состојба во земјава, како и внатрепартиската организација на партијата пред оддржување на изборниот Конгрес на ДУИ.

текстот е превземен од порталот plusinfo.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Се појави Ким Џонг -ун?

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун се појави на 1 Мај отворајќи фабрика, информираа државните медиуми на земјата,…
Повеќе

Интернационалната технолошка компанија „Инфинум“ ја презема македонската компанија за развој на софтвер „3П Девелопмент“

„Инфинум“ една од најголемите хрватски компании, со интернационално искуство за развој на дигитални производи, која работи на глобалниот…