Принудно слета авион на аеродромот во Тирана

Авионот на компанјата „Блу Панорама” кој сообраќал на релација Тирана-Анкона принудно слетал неколку минути по полетувањето од меѓународниот аеродром во Тирана.

Авионот, во кој имало повеќе од 50 патници, меѓу нив и деца,полетал во 7:00 часот и кога прелетувал во просторот над Драч почнал да испушта црн чад кој се појавил и во пилотската кабина и почнал да се шири во внатрешноста.

Според патниците, настанала паниика, по што им било најавено дека се враќаат назад. Авионот направил неколку опасни маневри пред успешно да слета.

Причините се уште се утврдуваат.

Total
0
Shares
Поврзани објави