Претседателот на Косово денеска на распит пред Специјалното обвинителство во Хаг

Kосовскиот претседател, Хашим Тачи, денеска треба да биде сослушан во Хаг од Специјалното обвинителство за Косово кое кон крајот на јуни го обвини за воени злосторства на Косово.

Приштинската телевизија „Клан Косова“ јави дека Тачи вчера околу 15 часот го напуштил аеродромот во Тирана за да пристигне на сослушувањето во Хаг, каде ќе го брани британскиот адвокат Џефри Најс. Покрај Тачи, ова обвинителство поднесе обвинение и против Кадри Весели и други поранешни членови на ОВК.

Ова обвинителство, досега немаа пракса да кажува дали некој е повикан кај нив и во кое својство – осомничен или сведок, па соопштението кон крајот на јуни од обвинителството дека ги обвини Тачи, Весели и другите лица беше изненадување за пошироката јавност.

Обвинителот посочи дека изјавата за обвинението е дадена заради континуираните обиди на Хашим Тачи и Кадри Весели да ја опструираат и поткопаат работата на Специјализираните совети, со желба тие да бидат укинати, а со цел да се избегне појавувањето пред правдата.

Обвинението сега е кај судијата надлежен за неговото преиспитување и донесување решение за потврдување.

Според обвинителот, Тачи, Весели и другите осомничени во обвинението се товарат за речиси 100 убиства.

Total
0
Shares
Поврзани објави