Сабота ќе има преодно зголемување на облачноста односно времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди но ќе има појава и на повремен локален дожд а има услови и за појава на грмежи. Нешто почести врнежи ќе има претежно на запад и на североисток од државава.

Сето ова ќе биде проследено со повремено умерен ветер од северен правец кој повремено ќе засилува на интензитет.

Умерен повремено локално и засилен ветер од северен правец ќе продолжи да дува и во текот на следните денови но и покрај ова температурите на воздухот ќе бидат летни и максималните дневни темпратури ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32, 33 степени.

Како што предходно најавивме веќе од недела па натаму ќе имаме значително постабилно и топло летно септемвриско време што значи пред нас е само една преодна и релативно кратка промена на временската состојба.

извор: Славчо Попоски