ПОПОСКИ: Африкански бран носи жешко време

Во текот на следните денови нашата територија ќе биде зафатена од Африкански бран кој ќе услови невообичаено високи температури на воздухот кој речиси насекаде ќе се искачуваат некаде до околу 30 степени додека во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат дури и до околу 35 степени.

Времето ќе биде сончево повремено со умерена облачност а само за викендот и на самиот почеток од следната недела и тоа особено во недела и во понеделник има услови само за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот и тоа претежно на запад и северозапад.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец додека ув индексот и понатаму ќе биде висок и ќе има коефициент некаде од 6 до 7 па затоа заштитувајте се.

ИСКОРИСТЕТЕ ГО МАКСИМАЛНО ВИСТИНСКОТО ЛЕТНО ВРЕМЕ И УЖИВАЈТЕ ВО ПРОДОЛЖЕНОТО ПЛАЖИРАЊЕ.

извор: Славчо Попоски

Total
0
Shares
Поврзани објави