Поради влијание  на значително потопла воздушна маса од југ се чувствува спарно и мачно време па така и температурите на воздухот се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените. Во следните часови нашата територија ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која ќе услови локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Нестабилно ќе биде во текот на утрешниот ден и тоа особено од пладне па натаму кога на повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер а не се исклучува можноста и за локална појава на град. Сепак и покрај оваа нестабилна воздушна маса останува и натаму значително топло време.

Започна транспортот на прашина и на песок од Сахара кон нашата држава па така понатаму и атмосферата ќе биде заматена а дождот на тие места кај што ќе паѓа ќе биде нечист односно помешан со сахарска прашина и песок.