Силниот циклон од ветер студ и снег ќе ја зафати Македонија во среда и во четврток. Медетолозите очекуваат снежна покривка од околу 20 ти сантиметри на пониските места додека на планините и над половина метар. Истовремено се очекува и многу студено време.
Ветерот во југозападниот дел од државата ќе придонесе на патиштата да се појават и наноси од снег заради што се препорачува внимателно возење поради замрзнат снег на коловозот.
И утре се очекува екстремни ниски температури под нулата кои од четврток ќе се почнат полека да се покачуваат.