Почнува судскиот процес за отповикување на поранешниот американски претседател Трамп

Во американскиот Сенат денеска почнува судскиот процес за отповикување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, постапка што ја  отвори Претставничкиот дом пред заминувањето на Трамп од власта.

Според медиумите од САД,Претставничкиот дом се очекува да го изнесе обвинението за судењето на Трамп, поранешниот претседател ќе го застапуваат неговите адвокати, додека сенаторите ќе бидат поротници кои треба да одлучат за вината на Трамп.

За Трамп да биде осуден потребно е двотретинско мнозинство во Сенатот, односно 67 сенаторски гласа, што значи дека заедно со сите 50 демократи за импичментот треба да гласаат и 17 сенатори републиканци,.

Трамп е обвинет за поттикнување на бунтот на неговите приврзаници, кои на 6 јануари упаднаа во Конгресот и четири часа го држеа под окупација, за време на специјалната седница на која, подоцна истата вечер, беше потврдена победата на Џо Бајден на претседателските избори. Пет лица загинаа за време на насилствата во Конгресот.

Непосредно пред упадот во Конгресот, Трамп ја вжешти атмосферата на протестот во Вашингтон, повторувајќи ги неоснованите тврдења дека бил ограбен на претседателските избори на 3 ноември.

Total
0
Shares
Поврзани објави