Угина жирафата Тобого во Скопската ЗОО

Зоолошката градина Скопје доцна вчера преку социјалните медиуми „со голема тага и болка“ соопшти дека претходниот ден починала жирафата Тобого.

„Денеска беше направена обдукција при што не беа констатирани физички повреди и во наредните денови ги очекуваме целосните резултати.

Жирафата Тобого заедно со Каспер и Флопи беше меѓу омилените жители на скопската зоолошка. Тој беше миленик на вработените и на посетителите“, стои во известувањето.

Тобого е роден во Франкфурт на 09.12 2010 година, а жител на Скопје Зоо беше од 05.11 2013 година.

„Сите сме неизмерно тажни и со скршени срца поради неговото заминување. Трчај во небесната савана Тобого, многу ќе ни недостасуваш на сите, но ќе останеш засекогаш запаметен“, гласи последниот поздрав од Скопската ЗОО.

Total
0
Shares
Поврзани објави