Почина Кичо Слабинац – која е жената за која ја испеа безвременската „Због једне дивне црне жене“

Хрватската музичка легенда, Крунослав Кичо Слабинац, пејач, гитарист, композитор и аранжер, почина денеска на 76-годишна возраст.

Слабинац од крајот на јули се лекуваше во клиничката болница „Ребро“ во Загреб. Тој имал операција на срцето, при што му биле вградени три стента поради сериозно срцево заболување кое ги зафатило сите крвни садови. Оттогаш бил на интензивна нега и на апарати за дишење.

Состојбата деновиве дополнително му се влошила поради пневмонија и инфекции.

Кичо Слабинац беше еден од најпопуларните пејачи во Хрватска и поранешна Југославија, а песните „Поклони ми један дан“, „Због једне дивне црне жене“, „Три слатке ријечи“ – се некои од неговите најголеми хитови. Во младоста се занимавал и со глума. Со евергринот „Плавуша“ од 1971 година, на натпреварот за Песна на Евровизија го освои 14-то место.

Пред 48 години испеа песна за една „прекрасна црна жена“, песна која ја знаат сите генерации од бивша Југославија.

Мирјана Антоновиќ е жената за која е напишана безвременската песна. Живеела во Америка, а Кичо ја запознал на турнеја и веднаш се вљубил во неа. Стиховите за песната настанале во авион, кога тој се враќал од турнејата, а музиката ја напишал еден ден подоцна во Загреб.

Total
0
Shares
Поврзани објави