Почина Карл Лагерфелд

Светски познатиот дизајнер Карл Лагерфелд почина на 85 годишна возраст.

Извори блиски до модната куќа Шанел ја потврдија смртта на нивниот уметнички директор, но нема детали за причините.

Во јануари тој не се појави на шоуто на Шанел во Париз, со што се појавија шпекулации за неговото здравје.

Роден е како Карл Ото Лагерфелдт во 1933 година во предвоена Германија. Своето оригинално презиме Лагерфелдт го променил во Лагерфелд, бидејќи верувал дека така звучи “покомерцијално”.

Тој емигрирал во Париз како тинејџер и стана асистент за дизајн на Пјер Балман, пред да се вработи во Фенди и Клои во 1960-тите.

Во 1983 година ја започнува својата долга кариера во Шанел, една деценија по смртта на Коко Шанел.

Следната година, тој лансира своја позната линија.

Лагерфелд станува уште попознат по својот карактеристичен изглед во неговите подоцнежни години, редовно носејќи темни костуми, опавче и темни очила за сонце.

За својот изглед тој изјави: Јас сум како карикатура од самиот себе и тоа ми се допаѓа тоа”.

Total
0
Shares
Поврзани објави