По кратката дестабилизиација повторно лето со УВ индекс до 7

По денешната саботна попладневна дестабилизација на времето со локални врнежи од дожд и грмежи веќе од утре (недела) па во текот на следната недела нашата територија ќе подпадне под влијание на антициклон, поточно истата ќе биде во поле на висок воздушен притисок а тоа значи стабилно, суво и топло време без врнежи.

Сепак има услови за сосема ретка и краткотрајна појава на сосема слаб локален дожд и тоа на планините и тоа ништо значително.

Времето ќе биде сончево со мала локална облачност но ќе дува умерен, повремено и локално засилен ветер од северен правец кој нема ни малку да влијае на температурите на воздухот.

Се на се летото и понатаму ќе го имаме во изобилство па тие што се лубители на истото и на плажирањето и натаму слободно можат да се освежуваат во реките и езерата низ државава.

Максималните температури на воздухот ќе бидат навистина летни и ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени додека ув индексот ќе има висока вредност и ќе има коефициент некаде од 6 до 7 па затоа со себе добро би било и натаму да носете заштитна опрема односно капа и наочари за сонце.

извор:Славчо Попоски

Total
0
Shares
Поврзани објави