Пандемијата на ковид -19 го одложи оскарите од февруари за април

Американската академија за филмски уметности и науки објави дека церемонијата за доделување на Оскари во 2021 се одложува од февруари во април, заради пандемијата на коронавирусот.

Свеченоста, која беше планирана за 28 февруари 2021 година, ќе биде одржана на 25 април и тоа заради пидемијата на коронавирусот поради што кино салите се затворени а прекинати се и снимањата на нови филмови.

Заради сето тоа, Американската академија за филмски уметности и науки го продолжи рокот до кој филмовите ќе мораат да почнат со прикажување за да влезат во трката за наминации. Токот од 31 декември 2020 е поместен на 28 февруари 2021.

Total
0
Shares
Поврзани објави