Трамп или Бајден – американските граѓани денеска го имаат клучниот збор во изборот на новиот шеф на државата. 

ма секоја сојузна држава. Правилото е дека тој што ќе освои дури и еден глас повеќе – ги добива гласовите на електорите, а потребни се 270 од вкупно 538 електори за да се стане претседател.

Повеќето држави традиционално се наклонети кон едната или другата партија, а фокусот вообичаено е насочен на десетина држави кои се неопределени. Интересно е тоа што годинава во таа листа се најдоа Тексас, Џорџија и Аризона, држави кои со децении се традиционално републикански.

Трамп кој на минатите избори победи во многу држави на северот, сега ја нема таа поддршка, па така Пенсилванија, Охајо, Мичиген и Висконсин кои пред четири години гласаа за републиканецот, според последните анкети предност му даваат на Бајден.

Двајцата кандидати вчера го имаа и последниот обид да ги разубедат неопределените гласачи со митинзи во повеќе држави.

-Искрено верувам дека на мнозинството од американците им е доста од хаосот, корупцијата, неуспехот, неодговорноста и индиферентноста кон американските животи, индиферентноста кон достоинството на Америка. Имаме многу работа пред нас, не поделби и одвлекување на внимание, туку вистинско лекување на оваа држава,вели Џо Бајден – Кандидат за претседател на САД.

-Мислам дека е ужасно нешто, кога гласачките ливчиња се собираат по изборите, мислам дека е ужасно нешто на луѓе или на држави да им се даде дозвола да собираат гласачки ливчиња долго време по изборите, бидејќи тоа води кон едно нешто, а тоа е многу лошо, знаете што е тоа нешто, мислам дека е многу опасно и лошо нешто и мислам дека е ужасно ако не ги знаеме резултатите од изборите ноќта на изборите,изјави Доналд Трамп – Претседател на САД .

Иако изборите се одржуваат денеска, бидејќи САД опфаќаат повеќе временски зони, гласачките места на некои места ќе бидат затворени дури многу подоцна. Резултатите од изборите пак, иако вообичаено се познати веднаш по гласањето, поради големиот број на гласачки ливчиња испратени по пошта, би можело да бидат познати по неколку дена.

Според анкетите кои се во рамки на математичка грешка, Бајден би можел да ги освои изборите со над 400 електорални гласови, далеку повеќе од потребното. Но, тоа не значи дека Трамп може веднаш да се отпише од трката. Доколку пак, Трамп успее како пред четири години да изненади и да ги освои неопределените држави, би добил втор мандат со 330 електорални гласови.

извор: Канал5.мк