Од 1 јуни почнува туристичката сезона во Хрватска

Tуристичката сезона во Хрватска да почне на 1 јуни, пишува „Јутарњи лист“.

Оваа недела угостителите, хотелиерите и претставниците на приватните здруженија за сместување ќе одржуват видеосостаноци со Министерството за туризам и Националниот штаб за цивилна заштита за епидемиолошките мерки што ќе им бидат пропишани со цел, велат соговорниците од ресорното министерство, туристичката сезона во Хрватска да почне од 1 јуни, најдоцна до 15 јуни, пишува весникот.

Угостителите веќе предупредуваа дека рестораните, баровите и кафулињата нема да ги отворат на 11 мај, доколку условите бидат престроги, доколку треба да има големо растојание помеѓу масите и да вградат плексиглас, бидејќи тие само ќе имаат загуби, имајќи предвид дека само неколку ќе можат да работат на терасите.

Затоа еснафот на угостители и туристички работници на Хрватската занаетчиска комора побара да им се овозможи да отворат и внатрешни простори, по примерот од Австрија.

Таму е дозволено кафулињата и рестораните да почнат да работат од 15 мај, во затворен простор, каде што растојанието помеѓу масите треба да биде на два метра и на терасите еден метар, додека на една маса може да има четири возрасни плус деца. Тие поставија работно време од 6 до 11 часот.

Сепак, според информациите на „Јутарњи лист“, најверојатно ќе почнат да работат само терасите.

Total
0
Shares
Поврзани објави