Обновено ФОТО: Пијан возач со друг автомобил се забил во колата во која бил Шабан Шаулиќ

Според последните информации кои ги јавуваат германските медиуми, пеачот починал во болница поради тешките повреди во сударот. Лекарите се обидувале да му го спасат животот до 7 часот изутрината.

Првичните информации се дека во автомобилот во кој бил со кумот со голема брзина се забило возило марка мазда. Полицијата и медиумите во Германија пренесуваат дека возачот на тоа возило бил пијан.

Шабан Шаулиќ, загина во тешка сообраќајна несреќа во Германија, јавува утринава српските медиуми.

Според медиумите, Шаулиќ настрадал во северозападниот германски град Биелфилд.

Телевизиите пренедуваат дека сообраќајната несреќа се случила утрината околу 7 часот, а со пеачот во автомобилот бил неговиот кум, Слободан Стојановиќ Боби, кој исто така е тешко повреден.

Шаулиќ е превезен во најблиската болница, лекарите се бореле за неговиот живот, но не успеале да го спасат, потврдено е официјално за дел од српските медиуми.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Уапсениот шеф на Коза Ностра убил 50 луѓе, меѓу кои и двајца судии, има супермаркети на Сицилија, милијарди, и бизнис врски со Берлускони

Италијанските карабинери го уапсија најбараниот мафијашки бос во земјата, Матео Месина Денаро, јави италијанската новинска агенција АНСА. Денаро,…