Нов циклон Бруно – ќе донесе снег на Алпите , заладување во Македонија

Веќе од утре (четврток) над Италија ќе започне пробудувањето на циклонот БРУНО и со својата долина ќе го зафаќа Балканскиот Полуостров па така и времето драстично ќе се менува па така и врнежите и грмежите ќе зачестуваат.

Особено интензивни врнежи во земјите од регионот ќе има во петок и во сабота кога ќе има услови за локално и изразено НЕВРЕМЕ проследено со интензивни поројни дождови, силен ветер, силни електрични празнења, силен ветер и град кој може да условот и локални проблеми.

Во исто време од север ќе се спушта значително постуден воздухо па така и температурите драстично ќе опаѓаат и токму ова ќе услови северен и североисточен ветер а на европските како и италјанските алпи се очекува да падне и првиот снег за оваа сезона.

Провејување на снег можно е и на највисоките планински места на Балканот.

Во Македонија влијанието на БРУНО ќе го почувствуваме веќе во петок и во сабота додека особено во недела и тоа доцна попладне и навечер кон понеделник како и во понеделник истиот ќе виде значително поизразен барем според моменталните анализи кога во најголем дел од државава ќе имаме врнежи од дожд, локално поројни проследени со грмежи и засилен ветер а можна е и појава на локално НЕВРЕМЕ.

Значителен пад на тмпературите на воздухот и северен ветер кај нас ќе имаме на самиот почеток од следната недела.

извор: Славчо Попоски

Total
0
Shares
Поврзани објави