Калифорнискиот ранч „Неверленд“ (Недојдија) на починатиот крал на поп-музиката Мајкл Џексон конечно е продаден. Повеќе од 10 години по смртта на Џексон кој своевремено го напушти откако беше обвинет дека на имотот сексуално напаствувал момченце.

Инвеститорот, милијардерот Рон Вејн Беркли, поранешен семеен пријател на Мајкл Џексон, неодамна го купил имотот од околу 1.100 хектари во ридовите на Санта Барбара, објавил неговиот портпарол во четвртокот, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Весникот „Волстрит журнал“ објави дека „Неверленд“, неодамна преименуван во „ Sycamore Valley Ranch“, е продаден за 22 милиони долари.

Покрај главната куќа од околу 1.000 квадратни метри, имотот има и зграда со базен од повеќе од 300 квадратни метри, зграда со кино со 50 места, студио за танцување, амбар, како и пожарна и железничка станица во стилот Дизни, Зоолошка градина.

Новата цена за која е продаден ранчот е значително помалку од 100 милиони долари за кои беше понудена во 2016 година.