Адвокатите на обвинетите за организирање на инцидентите од 27-ми Април 2017-та во Собранието за сите судии кои требаше да одлучуваат за оценка на обвинението побараа изземања кои се прифатени.

На неколкуте закажани термини за оценка адвокатите барале изземање на некои од судиите во кривичниот совет, со образложение дека тие како судии учествувале во претхдоните процеси поврзани со настаните од 27 април  во истиот суд.

Од девет судии од кривично дури осум се изземени па поради тоа сега претседателот ќе делегира судии од други одделенија.

Судот претпазливо се однесуваше кон  барањата за изземање и одлучи за да нема никакви сомнежи за пристрасноста на судиите да ги изземе оние кои учествувале по било каков основ за првиот предмет за кој веќе имаме неправосилна пресуда. Тука се и судии кои учествувале во оценка на обвинението и од девет судии од одделението за организиран криминал осум се веќе изземени. И имаме проблем со функционирањето на овој оддел, веројатно ќе се делегираат други сдуии кои ќе паостпуваат по новиот предмет- појанува претседателот на Кривичен Иван Џолев.

Судијката Добрила Кацарска која според Акмис – системот требаше  да претседава со Кривичниот совет кој ќе го оценуваше обвинението за организаторите, се повлече по нејзино барање.

На крајот на мај против Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски беше поднесено обвинение. Против Никола Груевски и Никола Бошковски постапката е запрена, бидејќи не се во државата.