Не стивнуваат реакциите: Британците се бесни по интервјуто на Хари и Меган и од кралицата бараат само една работа

Откако беше емитувано интервјуто со војводите од Сасекс, во кое беа изнесени сериозни обвинувања до кралското семејство, јавноста се подели. Додека едни се радуваат и конечно го гледаат крајот на монархијата, други се бесни и бараат од кралицата да им ги одземе титулите.

Додека во палатата се радуваат за позитивните вести во врска со здравјето на принцот Филип, кој 20 дена е во болница, кралицата молчи во врска со интервјуто, јавноста е поделена.

Антимонархистите го слават крајот на кралското семејство, а следбениците на монархијата се лути. Со жестоки реакции ја нападнаа и медиумите.

– Ова беше претстава од почеток до крај. Се однесуваа многу себично и двајцата изнесоа многу сериозни обвиненија, знаејќи дека кралското семејство не може да го возврати ударот. Покажуваат непочитување кон кралицата, ја напаѓаат монархијата, ова е навреда за британскиот народ. Го обвинија кралското семејство за расизам, но не го открија името на тој расист. И не ја кажаа вистинската причина за титулата на Арчи – остар беше Роберт Џобсон, автор на книгата „Дајана: добро чувана тајна“.

Имено, според тврдењето на познавачите на монархијата, право на титула принц има само оној што е директен наследник на тронот. Во случајот Вилијам и неговите деца. Истото се однесува и за обезбедувањето, кое Меган тврди дека му било ускратено на Арчи, а тоа го немаат ниту братучетките на Хари, односно ќерките на принцот Алберт.

Уредникот на „Дејли Мирор“, Раел Мајерс, рече дека кралицата сигурно длабоко е разочарана од бројните обвинувања кои нејзиниот внук ги искажа во интервјуто заедно со семејството, и ги обвини Хари и Меган дека се себични.

Свое мислење за интервјуто изнесе и авторката на книгата „Хари: разговори со принцот“, Анџела Левин, која изјави дека е вознемирувачки да се слуша признанието на Меган за самоубиствените мисли.

– Меган звучеше како да била во затвор. Рече дека никој не бил покрај неа во тешките моменти кога ја напаѓале, но Хари бил покрај неа. Добила еден од кралските помошници со најголема доверба. Не е во ред да каже дека никој не бил покрај неа. Сигурна сум дека за неколку години Хари ќе зажали за ова интервју. Двајцата покажаа дека им недостига емоционална интелигенција – заклучува Левин.

Медиумите пишуваат дека Британците се огорчени и осрамотени и сметаат дека и двајцата треба да ги вратат титулите бидејќи по ова покажаа дека не ги заслужуваат.

слободен печат

Total
0
Shares
Поврзани објави