На полноќ 66 милиони Британци ќе се збогуваат со ЕУ

По три и пол години, тројца премиери и бескрајно долги гласања во парламентот од рефенедумот за брегзит одржан во 2016 година, Велика Британија на полноќ ќе стане првата земја што ја напушти Европската Унија.

„Ова не е крај, туку почеток“, е пораката која конзервативниот лидер ќе ја упати во своето обраќање до нацијата вечерва во 23 часот по средноевропско време, еден час пред историскиот излез на Велика Британија

И покрај тоа што е голем катаклизмичен настан, промените генерално нема да бидат видливи за јавноста. Велика Британија ќе влезе во преоден рок на којшто се согласи со ЕУ, кој предвидува земјата да остане во ЕУ наредните 11 месеци.

Како што беше најавено, приврзаниците на брегзит ќе слават, а забави се одржуваат низ целата земја, па дури и оние што се спротивставуваат на тоа, ќе одржат митинзи пред зградата на парламентот. Денеска се очекуваат илјадници луѓе на улиците во Лондон да го одбележат овој историски ден.

Иако ја напушта ЕУ, Велика Британија ќе продолжи да ги почитува нејзините закони и судови. Исто така, ќе продолжи да има претставници во институциите на ЕУ и ќе се состане со лидерите на ЕУ во преодниот период. Луѓето кои патуваат во Европа нема да чувствуваат никаква промена за време на транзицискиот период.

Но во втората фаза се очекуваат да настапат економски последици за двете страни. Она што ќе се промени е дека Британците нема да бидат во парламентот на ЕУ по овој период, ќе се смени бојата на нивните пасоши, Германија нема да ги екстрадира своите граѓани во Велика Британија кога ќе извршат злосторства, а Велика Британија ќе добие и нова валута – монети „брегзит“. Другите измени ќе бидат познати по 31 декември кога ќе помине периодот на транзиција.

Лидерите на Велика Британија им ветија на своите граѓани дека ќе сторат сé што е можно за да избегнат негативни последици и да ги заштитат.

Total
0
Shares
Поврзани објави