Молам за лекови за син ми кој беше избоден со нож и остана без бубрег и слезина

АПЕЛ!!! Молам некој да ми помогне како да ги обезбедам вакцините за MNEUMOKOK i MENINGOKOK. Вакцините се потребни да ги прими мојот син Филип Филиповски, кој беше прободен со нож минатата недела.

Овој апел го напиша на социјалните мрежи Гоце Филиповски таткото на прободеното момче во дискотека кој по инцидентот остана без бубрег и слезина. Момчето се опоравува но резултати од истрагата се уште нема. Семејството сведочеше дека нападот без повод и причина го извршиле синови на висок функционер во МВР поранешен градоначалник. Таткото реагира дека институциите се уште молчат за крвавиот инцидент.

Обвинителство, МВР, институции надлежни за расчистување на обидот за убиство на мојот син Филип Филиповски ги прибравте ли доказите, изјавите дадени од сведоци и се што е потребно за да почне да се расчистува случајот или помина и медиумскиот притисок и сега функцијата на таткото ќе си го направи своето…13 дена поминаа никаква информација , молк од ваша страна. Не почувствувавте нешто за да не информирате како семејство , не ги познавам законите ама убеден сум дека човечки беше да не информира некој до каде е случајот.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Кирк Даглас замина во вечноста

Најдолговечната холивудска легенда, Кирк Даглас, почина на 103 години, соопшти неговото семејство. Неговиот син, Мајкл Даглас, ја објави…
Повеќе

Цеца во постела од рози

Балканската звезда на вечерта на деновите на штипска пастрмајлијада беше Цеца која за настапот се подготвувала во елитниот…