Телевизијата „Euronews“ доаѓа во Србија. Како што пишува српски „Блиц“, договорот веќе бил потпишан претходната недела, а извршниот директор на „Euronews“ Мајкл Питерс ќе биде во делегацијата со претседателот Емануел Макрон кој денеска пристигнува во Белград.

Преговорите за почеток на емитувањето на програмата во Србија, како што дознава „Блиц“ траеле повеќе од едена година.

„Пред една година започнавме, а интензивно работевме изминатите шест месеци и конечно се договоривме. „Euronews отвора регионална канцеларија во Белград“, вели извор за „Блиц“.

Договорот бил потпишан пред една недела, но до вчера како што пишуваат српските медиуми не било возможно да се открие.