Дождот намалува оти центарот на ослабено циклонско вртење е на крајниот западен БАЛКАН. Ние сме на крајот и до нас едвај нешто допира од облачноста и од запад, а и од исток.
До сабота времето ќе биде стабилно со појава на магла по котлините.
АМСМ за денеска на патиштата го извести следново :
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.
ИЗВЕСТУВАЊЕ: На регионалниот пат Р 1202, Маврово – Дебар кај м.в Сенечки ливади поради одрон сообраќајот се одвива наизменично.
НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ: Намалена видливост поради магла до 50м од крак Маврово до Стража.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.