Ликот на Митко Јанчев си го истетровирал на нога

Ако во минатото беше практика да се тетовираат имињата на саканите, или пак некој симбол со големо животно значење за лицето кое решило да го „украси“ своето тело, последните модни крикови во областа на тетоважите кај нас носат нешто многу поразлично. Наместо традиционалните ружи, имиња на саканите, крстови или животни како симбол на сила и моќ, се почести се оние кои се одлучуваат да истетовираат лик или име на некој наш политичар.

По тетоважите со ликот на Груевски кој ги направи неготинецот Мирче Ризов и со тетоважата со ликот на Сашо Мијалков која ја направи штипјанецот Ангеле Зафиров, познат како Бате Геле, сега се појави и тетоважа со ликот на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев. Имено, обожавател на градоначалникот го истетовирал неговиот лик, а под него е напишано – Мито е Тито.

Интересната тетоважа се наоѓа на десната нога, под коленото на храбриот обожавател, а била изработена во студиото за тетоважи „Булфрог Тату” во Кавадарци.

Фото фокус.мк

целата сторија и реакцијата на Јанчев продолжува тука на Фокус.мк

Total
0
Shares
Поврзани објави