Кривични за 22 угостители од туристичките места-издавале соби иако е забрането

Од петокот до сега во Охрид, Струга, но и во останатите туристички меса низ државата се утврдени 22 непочитувања на владините мерки од страна на категоризираните сместувачки и угостителски објекти и врз основа на членовите 205 и 206 од уредбата  за истите ќе бидат поднесени кривични пријави.

Ова денес во Охрид го изјави раководителката на Инспекциски надзор, Мери Проја Продановска.

Државниот пазарен испекторат во моментот е со засилен надзор на правни субјекти на Охридското крајбрежје, а контроли се вршат со полициска асистенција со цел да обезбеди максимално почитување на мерките и протоколите за заштита од КОВИД-19.

Најголемиот дел од прекршувањата 8 се во Охрид, 4 во Струга, 5 во Битола, 3 во Дојран, и по едно во Маврово и Кочани. При направените надзори било утврдено присуство на гости во сместувачките објекти иако засега тоа не е дозволено. Исто така кај двајца угостители од Охрид е утврдено непочитување на протоколите и работното време. Сепак, од контролите на терен изминатите два дена кај поголемиот дел на правни субјекти може да се забележи почитување на владините мерки, рече Продановска.

Според неа, може да се констатира дека генерално економските оператори ги почитуваат протоколите.

Total
0
Shares
Поврзани објави