Компанијата на милијардерот Безос ја носи првата жена на Месечината

Милијардерот Џеф Безос најави дека неговата компанија Блу Ориџин (Blue Origin) ќе ја однесе првата жена на Месечината.

– Ова е моторот (BE-7) што ќе ја однесе првата жена на Месечината, објави Безос на Инстаграм, со снимка од проверката на моторот во центарот за испитување на американската вселенска агенција НАСА во Алабама.

„Блу Ориџин“ со години го развива моторот BE-7 и конкурира со компаниите на Илон Mаск Спејс Икс и Дајнетикс за договор за изградба на следниот систем на НАСА за слетување на Месечината.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Загина пеачот Шабан Шаулиќ

Шабан Шаулиќ, загинал во тешка сообраќајна несреќа во Германија, јавуваат српските медиуми. Според медиумите, Шаулиќ настрадал во северозападниот…