Кирк Даглас замина во вечноста

Најдолговечната холивудска легенда, Кирк Даглас, почина на 103 години, соопшти неговото семејство.

Неговиот син, Мајкл Даглас, ја објави веста неговиот татко починал вчера.

,,Со огромна тага објавуваме дека нашиот Кирк Даглас не напушти во својата 103 година од животот. Тој за време на својот живот беше легенда, глумец од .,,златното доба на филмот“, …за мене и за моите браќа Џоел и Питер, едноставно татко“-напиша познатиот холивудски глумец, Мајк Даглас.

Според Мајкл Даглас, неговиот татко имал убав живот, исполнет со работа што ја сакал.

Кирк Даглас остави во светско наследство незаборавни филмски дела.

Глумеше во стотина филмови, а некои од нив станаа класици, како што се: Дваесет илјади милји под морете(1954), Пресметка кај ОК Корал(1957), Спартак(1960) и многу други.

Total
0
Shares
Поврзани објави