Кинескиот суд пресуди 13,5 години затвор за поранешниот шеф на ИНТЕРПОЛ осуден за поткуп

Кинескиот суд го осуди поранешниот шеф на ИНТЕРПОЛ Менг Хонгвеи на тринаесет и пол години затвор и му нареди да плати 290 000 долари поради примање поткуп и злоупотреба на позицијата.

Во денешното соопштение на судот се наведува дека Менг рекол оти нема да поднесе жалба до повисок суд. Меѓународната полициска организација со седиште во Париз во 2018 година соопшти дека Менг си поднел оставка од позицијата претседател откако неговата жена го пријавила за исчезнат по патувањето во неговата родна Кина. Според судот тој земал имот во вредност од повеќе од два милиона долари како поткуп и ја злоупотребил својата позиција во периодот до 2005 ди 2017 година.

Неговата жена лани доби политички азил во Франција откако рече дека е уплашена за себе и за нејзините две деца.

Total
0
Shares
Поврзани објави