Катица Јанева е болна прима седативи и бара укинување на притворот


Катица Јанева, сега веќе поранешна специјална јавна обвинителка, треба да биде на слобода зошто е поранешна и нема можност за влијание на истарагата или да преземе било какво дејствие токму затоа што е бивша, а не актуелна обвинителка. Таа не се чувствува добро и постојано е под седативи.

Ова го соопшти адвокатката на Јанева, Ирена Фрчкоска.

Дека Јанева сака да излезе од притвор и тоа ќе се бара, вчера соопшти нејзината адвокатка Ирена Фркоска. Фрчкоска во интервју за телевизија 21 најави дека ќе бара укинување на мерката притвор за поранешната специјална обвинителка. Адвокатката посочи и дека Јанева како поранешен обвинител, а не актуелен сега не може да прави ништо. Адвокатката на Јанева спомена и незаконско разрешување на Јанева и оти тоа води кон тоа дека Јанева не може да го повтори делото. Еве што за телевизија 21 рече Фрчкоска: „Законот и дозволува на Јанева да поднесе тужба за разгледување на одлуката за разрешување и да бара соодветен надомест доколку се утврди дека е разрешена на незаконит начин. Но, прво треба да ја примиме одлуката, па ќе видиме како ќе постапиме. Ние сме во фаза на подготовка на барањето за укинување на мерката притвор.

Ќе бараме да се брани од слобода со депонирање на соодветна гаранција во недвижен имот. Сметаме дека се отпаднати основите за притворот, бидејќи таа веќе не е е специјален јавен обвинител и не може да ја злоупотрбува својата положба и да влијае“.

Total
0
Shares
Поврзани објави