Милан Поповиќ, бившиот маж на Северина остана без луксузната јахта, која изгоре во синоќешниот пожар во марината во Каштел Гомилица. Таму се врзани најскапите и најголемите бродови, а изгореа пет јахти меѓу кои и онаа на Поповиќ.

Веста за 24сата.хр ја потврдил Милан во кусиот телефонски разговор.

  • Да, изгоре и мојата јахта, рекол бизнисменот.

Пожарот букнал на една од јахите, затоа што наводно на неа се запалил ручек. Сопствениците наводно почнале сами да го гасат пожарот, но не успеале.